Меси има понуда на маса: Еден милион долари за наметката што ја носеше кога го крена пехарот!

Лионел Меси се појави на свечената церемонија за доделување на медалите и на шампионскиот пехар на СП 2022 со црна наметка преку својот дрес.

За многумина беше изненадување што Меси не беше во сино-белата аргентинска комбинација кога го крена шампионскиот пехар, но најдобриот фудбалер на денешницата тоа го стори од знак на почит кон катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Сега пак Аргентинецот може добро да заработи од таквиот гест, откако доби понуда наметката да ја продаде за еден милион долари на оманскиот милијардер Ахмед ал Барвани.

„Пријателе Меси, ти честитам на освојувањето на светското првенство. Катарскиот емик ме заслепи кога ти ја стави наметката, симбол на добродушноста и на мудроста, преку твоите раменици. Ти нудам еден милион долари за да ми ја продадеш наметката. Јас бев присутен на стадионот и во живо го следев момнтот кога катарскиот емир ти ја даде наметката, тоа беше момент на порака до свтот дека сме овде и дека ова е дел од нашата култура“, објави Ал Барвани.

На потег е Меси, дали да ја прифати понудата или пак да го задржи делот од облеката што беше на него за време на најблескавиот момент во кариерата.

Се вчитува...