Меси се провлече со „смешна“ казна за навредите на Копа Америка

Лионел Меси е казнет со само 1.500 долари и суспензија од еден натпревар во квалфикациите на неговата селекција во мундијалските квалфикации поради навредите упатени кон КОНМЕБОЛ, по добивањето на црвен картон во мечот за третото место на Копа Америка против репрезентацијата на Чиле. Тој на натпреварот влезе во физички дуел со Гери Медел по што двајцата фудбалери добија исклучување. По натпреварот Меси не сакаше да излезе да го прими медалот истакнувајќи дека КОНМЕБОЛ е корумпиран и тој не сака да биде дел од натпреварувања под негово покровителство.

Сепак, иако се шпекулираше дека поради изјавата тој може да добие суспензија од две години на крајот Аргентинецот помина одлично, бидејќи казната е само 1.500 долари. За разлика од Меси, добро не помина претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Клауди Тапиа, кој со отворено писмо го нападна КОНМЕБОЛ, по што е донесена одлука тој да биде исфрлен од собранието на ФИФА.

 

Се вчитува...