Аргентина славеше со 5-0 во контролниот натпревар против Естонија кој се одигра на „Естадио ел садар“ во Памплона. Натпреварот го одбележа првата ѕвезда на гаучосите Лионел Меси кој очигледно е желен за постигнување на погодоци, па ја начека Естонија да и даде пет.
Својот прв погодок Меси го постигна од пенал во 9. минута за водство од 1-0. На 2-0 зголеми во 45. минута. Само две минути во второто полувреме му беа потребни за хет-трик, додека четвртиот и петтиот погодок ги постигна во 71. и 76. минута.
Петтиот погодок на Лионел Меси погледнете го на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

