Лионел Меси ја надмина повредата на зглобот и повторно се враќа на фудбалските терени, соопшти тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино.
„Меси е подготвен“ – соопшти Мартино пред денешниот тренинг на тимот.
Интер ја пречекува Филаделфија во недела, а Мартино не наведе дали Меси ќе го стартува мечот или ќе има скратена минутажа.
Аргентинскиот фудбалер се повреди во финалето на Копа Америка на 14. јули кога Аргентина славеше против Колумбија со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

