„Меси ја заслужува „Златната топка“, Донарума е најдобар во Италија“

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Италија, Фабио Канаваро ги коментираше случувањата во светскиот фудбал. Според него „Златната топка“ за 2021 година мора да ја добие Лионел Меси, додека Џанлуиџи Донарума е најдобар италијански фудбалер.

„Мислам дека Меси треба да ја добие „Златната топка“. Беше фантастичен на Копа Америка и поради тоа го заслужи ова признание. Донарума е вистински шампион. Бев изненаден кога некои пред Европското првенство збореа за него како е просечен голман. Нема ништо просечно кај него. Има само 22 години, дури во иднина доаѓаат неговите најдобри партии. Тој во моментов е најдобриот италијански фудбалер“, изјави Канаваро. 

 

Се вчитува...