Меси ја затвори дебатата за најдобар на сите времиња

Лионел Меси и дефинитивно е најдобриот фудбалер во историјата откако го освои последниот трофеј кој му недостигаше во кариерата и триумфираше на Светското првенство.

Тој со освојувањето на трофејот во Катар успеа да ги обедини сите големи трофеи во историјата на фудбалот. Тој минатата година стигна до првата титула на Копа Америка, а тука е и трофејот од Финалисима. Со „гаучосите“ стигна и до златниот медал на Летните олимписки игри 2004 година во Атина.

Се разбира тука се и сите трофеи кои ги освои со Барселона, како и неколкуте по неговото доаѓање во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...