Меси како Роналдо, испадна во полуфиналето од Купот на Шампиони

Кристијано Роналдо беше елиминиран од ЛШ на Азија од Кавасаки, а идентично разочарување доживеа и Лео Меси, кој со Интер Мајами не успеа да се пласира во големото финале од Купот на Шампиони на Конкакаф зоната.

Интер Мајами за ривал во полуфиналето го имаше тимот на Ванкувер, но заслужено беше елиминиран откако Меси и соиграчите ги загубија двата меча со вкупен резултат од 1-5.

Откако на првиот дуел беа поразени со 2-0, фудбалерите на Интер Мајами се надеваа дека на домашен терен ќе успеат да ја надополнат оваа негатива. Дури и добро почнаа, преку Алба во 9. минута стигнаа до водечки погодок, но тоа беше се што тимот од Флорида успеа да стори бидејќи Ванкувер не само што израмни, туку и направи целосен пресврт и со победа од 1-3 се пласираше заслужено во големото финале.

Се вчитува...