Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси ќе биде подготвен за премиерниот меч сезонава во Лигата на шампионите против германскиот вицешампион Борусија Дортмунд, пренесуваат шпанските медиуми.
Аргентинецот не играше воопшто сезонава поради повреда и не се знаеше кога точно ќе се врати на терените. Се очекува Меси да влезе во второто полувреме на мечот, бидејќи иако тренира со полн интензитет се уште не е во форма за цел натпревар.
Барселона во Лигата на шампионите се наоѓа во група со Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА