„Меси ќе игра на Светското првенство 2026 година“

Лионел Меси по повеќе од два месеци се враќа на терените по повредата со која се здоби во финалето на Копа Америка.

Аргентина тогаш, предводена од еден од најдобрите играчи во историјата, стигна до втората последователна титула континентален шампион.

„Гаучосите“ се и актуелни светски шампиони, бидејќи во 2022 година славеа во Катар. Тоа беше единствениот трофеј што му недостасуваше на Меси во неговата неверојатна кариера. Многумина очекуваа дека тој тогаш ќе се прости од репрезентативниот дрес. Сепак, Меси се уште е во репрезентацијата, а неговиот пријател и поранешен ас Рикелме верува дека Лионел ќе го носи дресот на Аргентина најмалку во следните две години.

„Искрено очекувам Меси да биде дел од тимот на Светското првенство во 2026 година. Сите ние навиваме за тоа. Тој се уште е во одлична форма и се уште е неверојатно конкурентен и се уште сака да освојува трофеи. Мислам дека уште една титула светски шампион би бил најдобриот можен крај на кариерата од бајките“, изјави Рикелме.

Се вчитува...