Меси ќе изедеше ќотек, па доби и црвен картон (видео)

Аргентина е на чекор до бронзен медал на Копа Америка откако поведе со 2-0 во „малото финале“ против Чиле, но Лео Меси нема да го дочека мечот до крај по црвениот картон што го заработи во првото полувреме од оваа средба.

Судиската одлука е во најмала рака чудна бидејќи во вербалната пресметка меѓу Меси и Медел чилеанскиот фудбалер беше оној што покажуваше далеку поголема агресивност, но главниот арбитар реши и на двајцата да им го покаже патот кон соблекувалната. Иако на Копа Америка има ВАР, сепак одлуката на главниот судија остана непроменета.

Погледнете ја спорната ситуација…

 

Се вчитува...