Меси комплетно ги „поседува“ рекордите на Ла Лига

Аргентинскиот фудбалски волшебник Лионел Меси беше стрелец во триумфот (2-0) на Барселона против Атлетико Мадрид, а освен огромниот чекор кон одбрана на шампионската титула оваа сезона, тој од синоќа ги поседува сите најважни индивидуални рекорди во историјата на Ла Лига. Меси сега има 335 победи во шпанското првенство, надминувајќи го легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас.

Покрај ова, Меси е најдобар во историјата на Ла Лига според бројот на постигнати голови (415) и според бројот на реализирани асистенции (163).

Се вчитува...