Пристигна денот коj навивачите на Барселона не сакаа да дојде никогаш. Лионел Меси ја напушти каталонската гордост, па Аргентинецот во овој летен трансфер период ќе бара нов клуб во кој ќе ја продолжи својата кариера.
Богатите клубови ја почнаа борбата за потписот на Меси, а желбата на Кристијано Роналдо сега веќе е исполнета.
„Сакам Меси да дојде во Италија еден ден. Се надевам дека ќе го прифати предизвикот да ја напушти „зоната на удобност“ што ја има во својот клуб. Но, ако е среќен во Барселона, секако дека го почитувам тоа“, изјави Роналдо минатата сезона.
Сега се чини дека Меси се соочува со предизвикот на Кристијано, само прашање е во кој клуб ќе ја продолжи сезоната. Сепак, едно е сигурно, Лео и дефинитивно ја напушта зоната на удобност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА