Меси: Копа Америка за нас сега почнува

Првата ѕвезда на аргентинската фудбалска репрезентација, Лео Меси верува дека победата над Катар ќе биде појдовна точка за подобро издание на неговиот тим на Копа Америка. Аргентина ја забележа првата победа во досегашниот тек од шампионатот, триумфираше со 2-0 и како второпласирана се провлече во четвртфиналето.

„Сега почнува друга Копа. Сега почнува се или ништо. Имавме добар натпревар и победивме што секако е најважно. Ни беше потребен ваков натпревар за да добиеме самодоверба и смиреност. Како што поминуваат натпреварите тимот мора да расте и овој меч ја одигра својата улога“ – вели  Лионел Меси.

Во четвртфиналето, в петок, Аргентина ќе се соочи со селекцијата на Венецуела во Рио де Жанеиро.

 

Се вчитува...