Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, купи хотел со четири ѕвезди во медитеранското одморалиште Ситгес. Хотелот „МиМ“ за кој Меси платил 30 милиони евра, има 77 соби и панорамска тераса со поглед на Медитеранот.
Ситгес се наоѓа на 40 километри југозападно до Барселона и е познат како геј-град во Шпанија со многу геј барови и клубови и секоја година во февруари е домаќин на „Марди Грас карневалот“. Речиси 40 проценти од постојаните жители на одморалиштето се од Холандија, В.Британија, Франција од скандинавските земји. Ова место е посебно популарно за француските туристи, а цените на недвижностите се меѓу највисоките во Шпанија. Така, цената на едно ноќевање во хотелот на Меси изнесува меѓу 250 и 300 евра.
Пред Меси, во „хотелскиот бизнис“ влезе и Роналдо. Фудбалерот на Реал Мадрид поседува четири хотели во кои инвестираше 54 милиони евра. За разлика од Меси кој купи хотел „во соседството“, хотелите на Роналдо се наоѓаат во три за него посебни градови – Фуншал, Лисабон и Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА