Меси, Меси, Меси! Аргентина од пенал ја „скрши“ Хрватска (ВИДЕО)

Лоша комуникација на одбраната на Хрватска, Алварез излезе сам пред голот, но беше срушен од Ливаковиќ, па судијата покажа на белата точка, иако топката немаше сила да заврши во мрежата. Сето тоа се случуваше во 31. минута.

Лионел Меси во 34. минута прецизен во горниот десен агол на голот на Ливаковиќ, и го постигна петиот гол на Мундијалот.

Аргентина има предност, и го прави првиот чекор кон финалето на Светското првенство во Катар.

Претходно шанса имаше и Фернандез, меѓутоа неговиот удар го одбрани Ливаковиќ, а потоа и Перишиќ се закани, но непрецизно.

Се вчитува...