Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Лионел Меси кажа дека му било тешко по напуштањето на Барселона и преселбата во ПСЖ.
Аргентинскиот ас кажа дека тој трансфер му го променил животот, но и дека не бил подготвен на заминување од Барселона во тој момент.
„Преселбата во ПСЖ беше тежок период во мојот живот, затоа што после долги години минати во Барселона, мислев дека и натаму ќе бидам дел од тој клуб. Не бев подготвен да заминам, но се се случи многу брзо, животот ми се смени за неколку дена. Ме пречекаа во друг клуб, во друга соблекувална. Тоа беше промена која не ја сакав и затоа беше тешко на почетокот“, рече напаѓачот на Интер Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

