„Меси мора да премине во Реал, ако сака да покаже дека е подобар од Роналдо“

Продолжува дебатата околу тоа кој е подобар, Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Во дебатата се приклучи и легендарноиот аргентински голман Хуго Гати кој во кариерата ги бранеше боите на двата најголеми клуба од Аргентина, Бока Јуниорс и Ривер Плејт.

„Меси мора да собере сила и да тргне по стапките на Роналдо и да потпише со Реал Мадрид, да покаже дека може да игра и во друг клуб. Во спротивно тој ќе биде само еден во морето на фудбалери. Покажа дека знае да игра кај што му е комфорно, а за разлика од него Роналдо веќе со три клуба има успех“, изјави Гати. 

Меси во кариерата со Барселона 10 пати ја освојуваше Ла лига, четири пати Лигата на шампионите, шест пати Купот на кралот, а за Каталонците досега постигна 608 голови.

Се вчитува...