Меси може да добие престижна награда која не е доделена 32 години

Лео Меси со освојувањето на шампионската титула на Светското првенство во Катар од страна на многумина го доби епитетот за најдобар фудбалер во историјата. За аргентинскиот ас единствениот трофеј кој му недостасуваше од витрините беше 41. во неговата кариера, која е исполнета и со голем број на индивидуални награди, а тој сега може да добие и награда која не е доделена 32 години.

Станува збор за „Супер Златната топка“ која исто така ја доделува „France Football“, а досега е доделена само на неговиот сонардоник Алфредо ди Стефано во далечната 1989 година на 30. годишнината од формирање на францускиот медиум.

Многумина сметаат дека Меси е единствениот кој во последните 30 години ја заслужил оваа награда бидејќи со освојувањето на Мундијалот во Катар го надмина и неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо.

Се вчитува...