Меси му оддаде почит на Скола со трогателни зборови (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Аргентина беше запрена во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио. Подобри од кошаркарските „гаучоси“ беа Австралијците кои славеа убедливо со 97-59. Ова беше и последниот репрезентативен натпревар на големиот Луис Скола во дресот на Аргентина.

На 41-годишна возраст, Луис одлучи дека е вистинско време да им се даде шанса на помладите од себе, и во неговиот последен натпревар за националниот тим, постигна седум поени. На крајот од натпреварот, тој емотивно се прости од репрезентативниот грб и соиграчите, а по натпреварот, Лионел Меси се огласи преку својот Инстаграм и упати емотивна порака до ветеранот.

„Вашата импресивна кариера ве претвори во еден од големите промотори на аргентинскиот спорт и целиот свет. Ви благодарам“, напиша легендарниот Лео.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

 

Се вчитува...