Меси му посака добредојде – Спектакуларен пречек на Суарез во Национал (ВИДЕО)

Луис Суарез конечно ги разреши дилемите околу својата фудбалска иднина, откако уругвајскиот ас реши да се врати назад во татковината и потпиша договор со Национал, клубот во кој прославениот голгетер ја почна својата фантастична кариера.

Поранешниот напаѓач на Барселона утрово пристигна во својата родна земја со приватен авион.

„Убеден сум дека ја донесов вистинската одлука за клубот и земјата во припремите за Светското првенство“, изјави Суарез во интервјуто за клупската телевизија после пристигнувањето на аеродромот во Монтевидео.

Добредоје преку видео порака му посака и неговиот добар пријател и поранешен соиграч Лионел Меси.

„Здраво Гордо (прекарот). Знам колку ти е важен Национал и враќањето дома во својата земја после толку време. Ти посакувам да бидеш најдобар“, му порача Меси.

 

 

Се вчитува...