Продолжувањето на кариерата на Лионел Меси засега е голема енигма. Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а прашање е дали ќе го продолжи. Како што влезе во последната година од договорот, Лионел Меси е слободен да преговара со други клубови, но не е јасно каде ќе го гледаме следната сезона.
Наводно, ПСЖ има најдобра позиција кога е во прашање неговиот потпис, особено што Аргентинецот не сака да замине надвор од Европа. Според француските медиуми, Меси ја претпочита понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за потпишување на продолжување на договорот.
Јужноамериканецот нема да стави потпис на хартија доколку не добие плата барем колку сегашната, вредна околу 40 милиони евра годишно. Покрај тоа, Меси сака да има гаранција дека ќе биде неприкосновен стартер, без разлика кој ќе биде тренер. Аргентинецот сака да биде сигурен во ова бидејќи сака да биде во врвна форма за Копа Америка следната година.
Сепак, двете страни се уште не постигнале договор, па во наредниот период се планирани повеќе средби. Закажани се состаноци за обновување на договорот кој истекува на 30. јуни за да се разработат одредени детали. Да потсетиме дека Меси беше поврзуван и со преселба во Саудиска Арабија, МЛС и враќање во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

