Бразилецот Нејмар е на крстопат, сака да замине од Пари Сен Жермен, следната дестинација дефинитивно ќе биде Шпанија, но дали враќање во Барселона или пак потпис за лутиот ривал Реал Мадрид. Желбата на Нејмар е Барселона, но ПСЖ има многу подобри односи со „кралскиот клуб“ и притиска тој да замине во Мадрид.
Барселона тргнува во финална офанзива за да го врати Нејмар, а напомош на раководството е и Лионел Меси. Тој му се јавил лично на Нејмар и му кажал дека го очекува назад на „Камп Ноу“ за повторно заедно да победуваат.
ПСЖ нема еднакви барања од Реал Мадрид и од Барселона. На „кралевите“, поради добрите односи меѓу Насер Ал – Келаифи и Флорентино Перез, им нуди Нејмар да дојде на едногодишна позајмица, а потоа и да го откупат договорот за сума од 200 милиони евра. За Барселона нема таков „попуст“, но адвокатот кој ја плати рекордната сума од 222 милиони евра за трансферот во 2017, од вчера е на „Камп Ноу“. Тоа значи дека веќе се водат интензивни преговори. Барселона има и конкетна понуда, Фелипе Кутињо + 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА