Меси му се поклони на Марадона (ФОТО)

Дербито на петото коло од јужноамеричаките квалификации за Светското првенство во Катар во 2022 година помеѓу Аргентина и Чиле заврши без победник (1-1). Домаќините поведоа преку Лео Меси во 23. минута од натпреварот, а изедначување донесе Гари Медел во 36. минута.

Највпечатливиот момент од мечот се случи пред почетокот на истиот кога играчите на Аргентина, предводени од Меси на теренот истрчаа со фотографија од Диего Марадона на нивните гради на која пишуваше 1960-засекогаш.

Се вчитува...