Меси на продолжен одмор, во Париз се враќа следната година

Фудбалерот на ПСЖ и капитенот на аргентинскиот национален тим Лионел Меси, ќе се врати во Париз на почетокот од идната година.

Меси неодамна со репрезентацијата на Аргентина го освои Мундијалот во Катар, а раководството на ПСЖ сака прво фудбалерот добро да се одмори, па потоа да се врати на тренинзите на тимот.

„Лекип“ од шефот на францускиот првак не добил информација кога точно МЕси ќе се врати на тренинзите. Се очекуваше Аргентинецот да биде во Париз до крајот на годинава, но веројатно тоа нема да се случи.

Меси сигурно нема да биде во комбинација за дуелот помеѓу ПСЖ и Стразбург кој е на програмата на 28. декември, како и на натпреварот против Ленс кој е на програмата три дена подоцна.

Се вчитува...