Меси на само еден гол од „котата 900“ (ВИДЕО)

Интер Мајами продолжи со одличниот старт во новата сезона на МЛС со гостинска победа од 1-2 над Ди-Си Јунајтед во натпревар од третото коло. Шампионот на лигата доминираше во првото полувреме и до 27. минута веќе водеше со 0-2.

Првиот гол го постигна Родриго де Пол во 17. минута, а само десет минути подоцна погоди и Лионел Меси со прецизен удар за својот 899 погодок во кариерата. Аргентинската ѕвезда покажува дека и на 38 години е класа за себе.

Ди-Си Јунајтед успеа да се врати во мечот преку Таи Барибо во 75. минута, но Интер Мајами ја одбрани предноста и зема важни три бода. Со оваа победа, актуелниот шампион се искачува во горниот дел од табелата во Источната конференција, додека Меси се приближува до историскиот јубилеј од 900 голови во кариерата.

DC United 0 – [2] Inter Miami – Lionel Messi 27'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...