Капитенот на Аргентина Лионел Меси кој ќе треба да го започне воведниот натпревар од Копа Америка против Канада ќе собори рекордот кој не е урнат од 1953 година.
Каков и да е исходот од натпреварот против Канада, Лионел Меси повторно ќе влезе во историските книги. Аргентина и Канада ја отвораат Копа Америка во Атланта и на ова 48. издание на турнирот, Меси ќе постави уште еден рекорд.
Инаугуративниот натпревар против Канада ќе биде 35. настап за Меси на Копа Америка со што ќе го надмине играчот кој го држи рекордот на сите времиња на турнирот Серхио Ливингстон. Меси моментално го дели рекордот со легендарниот чилеански голман Серхио Ливингстон.
Тој е познат по тоа што е еден од првите голмани кој носел дрес со кратки ракави, Ливингстон одигра 34 натпревари во Копа Америка во седум изданија на натпреварувањето помеѓу 1941 и 1953 година, иако никогаш не го подигна трофејот. Ливингстон го одигра својот последен натпревар во јужноамериканското натпреварување на 28. март 1953 година, во ремито 2-2 со Боливија на Националниот стадион во Лима.
Меси го имаше своето деби на Копа Америка во победата со 4-1 над САД на 28. јуни 2007 година, кога Венецуела беше домаќин на турнирот.
Мечот меѓу Аргентина и Канада е закажан за два часот по полноќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

