Меси најавува пауза, а потоа и крај на репрезентативната кариера

По разочарувачкиот настап на репрезентацијата на Аргентина на Мундијалот во Русија и елиминацијата во осминафиналето, Лионел Меси реши добро да размисли за понатамошните настапи во репрезентативниот дрес. Фудбалерот на Барселона одлучи да ја стави во мирување репрезентативната кариера и до крајот на 2018 нема да настапува за националниот тим на Аргентина.

Аргентинските медиуми најавуваат дека Меси наредната година дефинитивно ќе се прости од репрезентацијата и дека оваа одлука е само вовед во тоа.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ за репрезентацијата на Аргентина има одиграно 128 натпревари и има постигнато 65 гола. Златниот медал од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година е најголемиот успех што го има во репрезентативната кариера.

Меси и лани по неуспехот на Аргентина на „Копа Америка“ најави крај на репрезентативната кариера, но подоцна го убедија да се врати и ја предводеше Аргентина на СП во Русија.

Се вчитува...