Меси најдобар фудбалер на 21.век, пред Кристијано Роналдо

Аргентинскиот генијалец Лионел Меси е најдобриот фудбалер на 21.век во изборот на британскиот весник „Индепендент“. Ѕвездата на Барселона го заслужи ова признание пред Кристијано Роналдо, а на третата позиција е рангиран поранешниот играч за врска на Барселона, Чави.

„Индепендент“ ги рангираше најдобрите 100 фудбалери, а интересно е дека првите десетмина биле дел од Барселона или Реал Мадрид. Каталонскиот гигант и во овој дуел „победи“ со 6-4.

Зад првата тројка следуваат Роналдињо, Андрес Иниеста, Роналдо, Тиери Анри, Зинедин Зидан, Рикардо Кака и Фабио Канаваро.

Се вчитува...