Меси наведе пет фаворити за Мундијалот и ги остави фановите во шок: „Ти си нула од човек“

Меси со 40 години се очекува да ја предводи Аргентина на следното Светско првенство во кое ќе оди да го одбрани пехарот освоен во Катар 2022 година, нешто во кое никој не успеал од 1962 година.

Меси ги спомена своите пет фаворити за освојување на „Божицата“, по што фановите беа во шок.

„Кога ја видов нашата група, бев убеден дека повторно ќе стигнеме далеку. Освојувањето на последното Светско првенство ми симна огромен товар од грбот. Сега повеќе немам притисок да победувам и тоа е големо олеснување“, рече Меси, од кого беше побарано да именува пет фаворити покрај Аргентина за титулата.

„Шпанија и Франција ме да дојдат до трофејот. Англија и Бразил долго време не биле шампиони, а тука е и Германија“, рече Меси.

Аргентинецот не ја спомена Португалија за која настапува Кристијано Роналдо, и тоа ги остави навивачите во голем бес.

„Ти си идиот. Нема смисла да не се споменува Португалија“, беа само дел од коментари.

Се вчитува...