„Меси не би можел да игра ниту во Тотенхем“

Поранешниот англиски репрезентативец Дени Милс, упати критики на сметка на Лионел Меси. Тој смета дека Аргентинецот сега да дојде во Англија, не може да игра во Премиерлигата ниту за Тотенхем.

Покрај Тотенхем, т.н. голема шестка во Премиерлигата ја сочинуваат Арсенал, Челси, Јунајтед, Сити и Ливерпул, а Милс смета дека Меси не би можел да игра ниту во еден од овие тимови.

„Сега да дојде Меси во Премиерлигата? Нема шанси. Не би играл ниту во Манчестер Сити, ниту во Ливерпул, па ни во Тотенхем. Мислам дека никој од нив не би го донел. Во овој момент Меси не е за првите шест екипи во Премиерлигата“, изјави Милс. 

Милс во кариерата играше во Норич, Чарлтон, Лидс, Мидлзбро, Манчестер Сити, Хал и Дерби. Одигра 19 меча за „Гордиот Албион“.

Се вчитува...