Убедливиот пораз од Јувентус (3-0) очигледно остави длабоки белези во тимот на Барселона. Шпанските медиуми информираат дека Лионел Меси не се појавил на првиот тренинг со соиграчите по враќањето на „Камп Ноу“. Тој не е повреден, туку самостојно решил да тренира во теретана, а да не биде на состанокот што Луис Енрике го имал со останатите фудбалери.
Оваа реакција на Меси доаѓа откако тренерот Луис Енрике јавно ги критикуваше фудбалерите, а посебен акцент стави на Меси, Суарез и Нејмар, ударното напаѓачко трио од кое очекувал многу повеќе на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА