Меси не играше, Интер Мајами загуби во финалето на Купот

Фудбалерите на Интер Мајами, се поразени од Хјустон Динамо со 2-1 во финалето во Купот на САД, најстарото фудбалско натпреварување во таа земја. Лионел Меси така го пропушти своето прво финале во кариерата.

Аргентинецот не можеше да му помогне на својот тим поради повреда, исто како и Жорди Алба. Така беше јасно дека Интер драстично ќе биде ослабен.

Хјустон доминираше во текот на мечот во сите параметри, а до првиот гол стигна во 24. минута кога погоди Дорси. Девет минути подоцна Баси го зголеми резултатот.

Тимот на Меси успеа да стигне само до намалување на резултатот и тоа преку Хавиер Мартинез во финишот од мечот.

Се вчитува...