Лео Меси за прв пат проговоре за медиумите по освојувањето на Светското првенство во Катар. Аргентинскиот великан во интервју за „TyC Sports“ говореше на повеќе теми како и за контроверзното славеје во четвртфиналето против Холандија.
Меси кој го подели мислењето на јавноста со славјето пред клупата на Холандија вели дека не планирал такво славје, но моментот на страст реагирал на таков начин.
„Не планирав да биде така, но тоа е. Знаев што збореа пред натпреварот, се што Ван Гал кажа за мене. Дури и соиграчите ми приоѓаа и ме прашуваа дали прочитав што кажал. Не ми се доаѓа како реагирав, јас не сакам такви работи. Меѓутоа тоа беше момент на голема напнатост, многу нервоза и единствено се случи. Човек реагира како ќе реагира, тоа е“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА