Меси: На Мундијалот 2026 година ќе играм само ако…

Ѕвездата на Аргентина и на Интер Мајами, Лионел Меси одговори на прашањето кое сите ги интересира, дали ќе игра на Мундијалот во 2026 година каде што неговата селекција треба да ја брани титулата.

Поранешниот фудбалер на Барселона и на ПСЖ кажа дека играњето на следниот Мундијал ќе зависи од тоа како ќе се чувствува во тој момент.

„Зависи од тоа како ќе се чувствувам, од мојата физичка состојба. Дали ќе можам да се натпреварувам и да им помогнам на моите соиграчи. Ќе играм само ако бидам подготвен и ако чувствувам дека можам да дадам се од себе. И годините се реалност, не се само бројка. Натпреварите што ги играм тука не се исти како во Европа. Таму се натпреварував секои три дена, без разлика дали е меч во ЛШ или во првенствата на Франција и на Шпанија. Не сум веќе истиот, но зависи од тоа како ќе се чувствувам“, рече Меси.

Се вчитува...