Интер Мајами славеше со 3-2 на дуелот против Ди-Си јунајтед, уште еден во низата мечеви во кои во главна улога се најде Лео Меси.
Мечот беше израмнет до 1-1, кога Меси ги презеде работите во свои раце, со два прекрасни погодоци носејќи ја победата на тимот од Флорида. Тој најпрвин стрелаше прецизно на асистенција на Алба за 2-1, за во финишот со еврогол од дваесетина метри да стави печат на победата.
Ди-Си Јунајтед во самиот финиш постигна утешен погодок, но немаше сили да се врати целосно и да го расипе славјето на Меси и соиграчите.
Аргентинскиот ас стигна до бројката од 22 гола сезонава во МЛС-лигата, а импресивен е податокот дека ова беше седми меч на кој Меси постигна најмалку два погодоци.
Jordi ➡️ Messi ✨ pic.twitter.com/xdO59OMvxo
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 21, 2025
🐐😮💨 pic.twitter.com/NsjL80K6Wu
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 21, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

