Меси: Не знам што се случува, примаме така лесни и наивни голови

Веќе е очигледно дека Барселона се наоѓа во криза. Избраниците на Валверде останаа без победа и во пресметката со Атлетик Билбао кој во 7. коло од Ла Лига однесе бод од „Ноу Камп“.

За Барса тоа е трет врзан кикс во шпанскиот шампионат, по ремито со Џирона и поразот од Леганес…

„Не смееме да бидеме нервозни иако има многу работи кои мора да се поправат. Искрено, не знам баш што се случува затоа што примаме многу лесни и наивни голови буквално на секој натпревар. А, имаме силен тим. Мора да останеме психолошки силни, нема потреба да зависиме од поединци но мора во иднина повторно да функционираме како тим“ – вели Меси.

Барселона во моментов, и покрај резултатската криза, ја дели водечката позиција на табелата со Реал Мадрид.

Се вчитува...