Поради повредата со која се здоби во финалето на Копа Америка, Лионел Меси нема да игра на Ол Стар натпреварот на МЛС лигата. Натпреварот ќе се игра на 25. јули во Колумбус, но Меси нема да биде во протоколот.
Наместо напаѓачот на Интер од Мајами, на Ол-старот ќе игра фудбалерот на Далас, Петар Муса. Меси требаше да го предводи тимот на МЛС во дуелот против играчи од мексиканската МХ лига, но, за жал, љубителите на фудбалот во Америка нема да можат да го видат на теренот.
Муса, кој доби шанса да „зачекори“ наместо Меси, има одлична сезона, но и покрај тоа не беше повикан од Златко Далиќ во репрезентацијата на Хрватска за ЕП 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА