Меси нема да се меша во изборите на Барселона, но го планира својот „кам-бек“

Барселона ќе влезе во изборната кампања за неколку дена пред изборите што ќе се одржат на 15 март. Жоан Лапорта ќе поднесе оставка следната недела за да се кандидира за повторен избор, на кој е јасен фаворит. Досега, тројца кандидати изразија намера да се кандидираат: Виктор Фонт (главниот ривал на Лапорта, кој беше втор на претходните избори), Хави Вилахоана и Марк Сирија.

Во Барселона има клучна фигура која би можела да има големо влијание врз целиот овој процес, а тоа не е никој друг освен Лео Меси. Пред неколку дена, поранешниот играч на Барселона изненадно се појави на стадионот „Камп Ноу“ за да ги види реновирањата. Фотографиите што ги објави на социјалните мрежи предизвикаа огромен хаос и дебата за тоа каква улога ќе игра Аргентинецот на овие избори.

Аргентинецот би добил многу гласови доколку поддржи еден од кандидатите. Сепак, тоа нема да се случи . Меси, од денес, нема намера да се вклучи во процесот. Неговиот план е да остане целосно неутрален, без да поддржува никого.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси еден ден има намера да се врати во Барселона, но тоа нема да биде сега и не е познато во каква улога ќе биде неговиот „кам-бек“.

На претходните избори во 2021 година, иако не јавно, сепак, се чини дека ја даде поддршката за Жоан Лапорта, кој ги доби изборите. Од тој момент се случи и раздор, со оглед дека играчот се чувствуваше предаден од претседател. Неуспешниот обид за негов „кам-бек“ две години подоцна дополнително ја влоши ситуацијата.

Се вчитува...