Меси нема дилема: Аргентина пред ПСЖ – Напаѓачот побарал одмор пред СП во Катар

Напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси побарал од тренерот на „светците“ да одмори во последното коло од Лига 1 пред паузата за Мундијалот во Катар. ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми откриваат дека Галтие е подготвен да му ја исполни желбата на Аргентинецот. ОВа значи дека, до крајот на годината Меси повеќе нема да игра во Париз, туку на преостанатите две гостувања, по што сака да одмори две недели и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.

Аргентина е во групата Ц, каде се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија. Аргентина го отвора турнирот на 22 ноември. Ќе потсетиме, Меси веќе потврди дека ова ќе биде неговото последно Светско првенство.

Се вчитува...