Меси: Нема никакво оправдување за поразот, но ВАР како да не работеше…

Аргентина повторно потклекна на големите натпреварувања иако во селекцијата го има најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. Бразил беше подобар во полуфиналето на Копа Америка и славеше со 2-0, а Меси повторно е разочаран од изданието на „гаучосите“, но и од арбитражата на некои натпревари.

„Нема никакво оправдување за нас, заслужено сме поразени. Не одигравме на потребното ниво. Ќе анализираме каде погрешивме. Но, многу работи треба да се анализираат на овој турнир во Бразил. ВАР системот како да не беше во употреба, Се беше во корист на Бразилците“, изјави Лионел Меси.

Бразил во финалето на Копа Америка ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Чиле и Перу.

Се вчитува...