Меси: Нема предавање, за нас секој натпревар е финале

Аргентина стигна до првата победа на Светското првенство во Катар и остана во игра за пласман во разигрувањето за титула. По потфрлувањето против Саудиска Арабија, „гаучосите“ одиграа одличен меч против Мексико во кој славеа со 2-0 благодарение на головите на Меси и Хернандез.

Меси не го криеше задоволството од победата по крајот на мечот изјавувајќи дека до крајот на првенството на секој натпревар ќе гледаат како на финале.

„Нема предавање. Немаме право на грешка. За нас секој натпревар е финале и знаеме дека секој против нас ќе игра вака, но мислам дека сме обединети, долго е оваа група заедно. Многу не чинеше првиот натпревар, повеќе фактори влијаеа, но тоа е зад нас. Вечерва знаевме дека мора да победиме, за нас ново Светско првенство тука почнуваше и знаевме како да дојдеме до таа победа“, рече Меси.

Се вчитува...