Меси носи уште еден Шпанец во Интер Мајами

Интер Мајами моментално преговара со поранешниот шпански репрезентативец Серхио Регилон.

Одличниот лев бек, кој порасна во Реал Мадрид, а играше и за Севилја, Тотенхем, Атлетико, Манчестер јунајтед, е подготвен за нова страница во својата кариера. И очигледно надвор од Европа.

Регилон преговара со Интер Мајами. Според последните информации, многу е блиску до договор.

Тој ќе биде третиот Шпанец што ќе се приклучи на Интер во последните две години, по Џорди Алба и Серхио Бускетс. Самиот Регилон ќе се обиде да ја оживее својата кариера, откако минатата сезона одигра само шест натпревари во Тотенхем.

Се вчитува...