Меси објави „војна“, следува нов хаос во Каталонија!

Лионел Меси ќе тужи пет лица од поранешната управа на Барселона, кои единствени имаа копија од документот од неговиот договор, а кој излезе во јавноста во неделата. Договорот за соработка меѓу репрезентативецот на Аргентина и Барса, предизвика „бура“ на реакции низ светот, со оглед на тоа што Меси ја чинеше Барса околу 550 милиони евра од 2017 година до денес.

Меси одлучи да покрене тужба против Хосеп Марија Бартомеу, Жорди Местре, Карлес Тускетс, Оскар Грау и Рома Гомез Понти. Адвокатите на Меси се убедени дека само еден од нив петмина може да ги достави сите детали од договорот до весникот „Ел Мундо“, што секако не е во согласност со меѓусебниот договор со Аргентинецот.

Каталонските медиуми тврдат дека „бурата“ во Каталонија допрва започнува, а Меси ќе влезе во нова војна со Бартомеу.

Да потсетиме, Меси ова лето сакаше да ја напушти Барселона, а како главна причина беше наведен Бартомеу и неговите лаги и лоши деловни активности. Договорот на Аргентинецот истекува во јуни, па останува да видиме дали ова ќе биде последната капка што ќе ја прелие чашата за да го напушти Камп Ноу.

Се вчитува...