Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси ужива во медениот месец на Антигуа со својата сопруга Антонела, а кога ќе се врати во Барселона, ќе потпише нов петгодишен мегадоговор со клубот од „Камп Ноу“. Тоа значи дека Меси најверојатно до крајот на својата кариера ќе го носи само дресот на Барса, со оглед дека во договорот ќе има и клаузула за евентуално продолжување на соработката, доколку тој одлучи да не замине во пензија.
Според новиот „дил“, Лионел Меси ќе заработува 25 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за клупски трофеи и индивидуални остварувања во текот на сезоната. Сите детали ќе бидат познати за јавноста кога договорот ќе биде и официјално потпишан. Меси треба да се врати на „Камп Ноу“ на 12 јули, а по ова е планирано и обновувањето на соработката со клубот, која ќе трае до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА