Црвена Звезда ја пречекува Барселона во 4. коло од Лигата на Шампионите. Натпреварот на „Маракана“ ќе биде одигран во среда со почеток од 21 часот, а пред него постои голема еуфорија кај српските медиуми нагласувајќи го дуелот на талентираните фудбалери Ламин Јамал и Андрија Максимовиќ.
Србинот денеска говореше и на пресконференцијата за медиуми и тоа со голема самодоверба изјавувајќи дека ќе докаже и дека е подобар фудбалер од европскиот шампион, најдобриот млад фудбалер за 2024 година и најмладиот стрелец во „Ел класико“.
„Играв против него на Европското првенство за играчи до 17 години. Фантастичен играч, исто како и Кубарси. Утре ќе излезам на теренот и ќе докажам дека сум подобар од него. Планирав и да размениме дресови по натпреварот“, изјави Максимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА