Меси одговори на поканата на Роналдо за заедничка вечера

Две недели откако Кристијано Роналдо за време на свечената церемонија на прогласување на најдобрите за изминатата сезона според УЕФА испрати покана до Лионел Меси за заедничка вечера, на повикот се огласи конечно и аргентинската ѕвезда.

„Не знам дали таа вечера ќе биде наскоро затоа што обврските ни наметнуваат силно темпо на живот и јасно е дека и двајцата немаме премногу слободно време. Но, сигурно дека ја прифаќам неговата покана за вечера“ – изјави Лионел Меси.

Роналдо во Монако ги воодушеви присутните кога зборувајќи за својот ривалитет со Меси истакна дека никогаш не се случило двајца фудбалери во исто време така да доминираат…

„Ја делиме фудбалската бина повеќе од 15 години. Не знам дали тоа некогаш се случило во фудбалот. Ми недостасува играњето во Шпанија, затоа што постоеше и тој ривалитет. Имаме навистина добар однос, но интересно се уште никогаш не сме вечерале заедно. Се надевам дека тоа ќе се случи во блиска иднина“ – истакна тогаш Португалецот.

Се вчитува...