Меси оди кај Бекам во Мајами?!

Дејвид Бекам е максимално амбициозен кога станува збор за неговиот клуб во Мајами, на кого неодамна официјално му го даде и името Интер Мајами. Стадионот е во изградба, но плановите се Интер да стане дел од МЛС-лигата од 2020 година, а желбата на Бекам е неверојатна – веќе во дебитантската сезона во своите редови да го има Лионел Меси.

Аргентинецот тогаш ќе има 34 години и ќе влезе во последната сезона од актуелниот договор со Барселона, па Бекам планира да го искористи тоа за да го убеди Меси да му се приклучи во САД. Англичанецот планира да состави мега-проект што најмалку две сезони ми се вртел токму околу аргентинскиот генијалец, покрај кого би биле донесени и уште неколку квалитетни играчи од Европа.

Извори блиски до првиот човек на Интер Мајами тврдат дека се уште не се почнати разговори бидејќи е рано за такво нешто, но Меси останува на врвот на листата со желби на Бекам.

Со тоа Англичанецот би направил и маркетинг-империја кога станува збор за МЛС-лигата, а воедно и би создал квалитетен тим што веќе во првата година би се борел за титулата, нешто што Дејвид Бекам од самиот почеток го најавуваше.

Се вчитува...