Лионел Меси одлучи да остане во Барселона до крајот на договорот кој му истекува во јуни следната година. Аргентинецот порача дека нема да невлегува во спор со колку кој толку многу му даде, но нагласи дека е незадоволен од начинот на кој раководството ја води Барса.
Па, новиот тренер Роналд Куман ќе го гради својот тим повторно околу Меси. И, откако го решија проблемот со еден од најдобрите светски фудбалери, Каталонците веднаш се активираа и по нови засилувања.
Синоќа Барселона го договори доаѓањето на најдобриот фудбалер на Лион, Мемфис Депај. Барселона и Лион веќе постигнале договор за Депај, за кого каталонскиот тим ќе плати 25 милиони евра. Куман инсистирал на ова засилување верувајќи дека Депај ќе биде вистинско освежување за Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

