Аргентина дојде до 100% ефект во квалификациите за пласман на СП 2026 година. Аргентинците го победија Перу со 2-0, а двата гола беа дело на Лионел Меси.
Со тоа светскиот првак се искачи на чело на табелата со четири победи од четири меча со седум дадени и ниту еден примен гол. Актуелниот шампион има пет бодови предност пред Уругвај, Брази и Венецуела, и со една нога веќе е на идниот Мундијал.
Меси со 36 години доживува втора младост.Најдобар стрелец е во квалификациите со три гола, иако не играше против Боливија, а против Парагвај влезе во вториот дел.
Во Аргентина има полемики дали оваа селекција на „Гаучосите“ е најдобрата екипа во историјата. После натпреварот свое мислење даде и самиот Меси.
„Размислував за тоа пред некој ден. Оваа екипа е импресивна, продолжува да расте и игра се подобро. Ако ја споредам со Барселона, која е најдобра екипа во историјата, многу има сличности, но мислам дека многу брзо поради она што го покажавме станавме прваци на Јужна Америка и светот. Имаме одлични играчи. Без оглед на тоа кој игра, тоа не се приметува затоа што имаме стил кој не идентификува и ми се допаѓа. Се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат“, рече Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

