Сега Меси, во интервју за ЕСПН, ја откри позадината на сето тоа… А, се е околу Златната топка во 2021 година. Претходната година, поради коронавирусот, наградата не беше доделена иако целиот фудбалски свет беше согласен дека за 2020 му припаѓа на Левандовски, кој на 29 натпревари за Баерн таа сезона постигна 41 гол. Во својот говор, пак, при добивањето на наградата во 2021 година Меси истакна колку се восхитува на постигнувањето на Левандовски нагласувајќи дека Полјакот го заслужил признанието за претходната година. Но, подоцна се дозна дека Меси воопшто не гласал за Левандовски, кој му замери за тоа истакнувајќи дека „би сакал зборовите на Меси да биле искрени, а не шупливи“.
Тие зборови на Левандовски, не можел да ги преболи аргентинскиот фудбалер…
„Неговите зборови навистина ме вознемирија затоа што искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут. Затоа го игнорирав и продолжив да дриблам. Тој не требаше да го каже тоа“ – објасни Меси, и дополни:
„Но, тоа е се минато. Потоа имавме разговор и сега односите меѓу нас двајца се во ред“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

